ДОМА   ЗА АКК   ЧЛЕНОВИ   F.A.Q. ОСФАФ   ФИЛМОГРАФИЈА   ГАЛЕРИЈА   КОНТАКТ  
    Button Text            
                               
                               
   

ШТО Е НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ФИЛМ?

   

 

Непрофесионален филм е секој филм кој е направен и наменет за некомерцијални цели, без разлика на неговото времетраење.

Непрофесионалниот филм може да биде составен од професионална екипа, може да биде спонзориран, меѓутоа крајната цел да не биде заработувачката, односно да не се враќаат средствата преку дистрибуција на филмот.

Непрофесионалниот филм поради тие причини најчесто и нема продуцент. Иако може да има, но тој да не заработува преку продуцирањето на тој филм.

Филмот најчесто има продукција која е непрофесионална, односно продуцира филмови од ваков тип.

 

Непрофесионалниот филм е филм направен за уметност, ентузијазам, вистинска љубов спрема филмот и сл.

 

 

 

 

НЕПРОФЕСИОНАЛЕН  ИЛИ АМАТЕРСКИ?

 

 

 

Двата термина се од исто значење. Аматеризмот е постара појава. Непрофесионализмот произлегува од аматеризмот. Терминот “аматерски“ се користел порано, за да се означат оние филмови кои не биле професионално изработени, и најчесто означувал неукост, неедуцираност.

Меѓутоа ,со текот на времето, таа граница меѓу професионалниот и аматерскиот филм станаува многу тенка, и  разликата е најчесто во заработувачката, т.е. профитот кој го заработува професионалниот филм, и во квалитетот на продукцијата.

Аматеризмот како термин ретко се користи денес, поради самиот карактер.

Непрофесионализмот е посоодветен термин, и ги опфаќа сите филмови кои немаат за цел профит, туку се правени поради ентузијазам, уметност, вистинска љубов спрема филмот.

Сепак, нема да се погреши ако се користи и терминот “аматерски“.

Самата промена на името на Државниот филмски фестивал од “фестивал на аматерски филм“ во “фестивал на непрофесионален филм“ зборува за оваа тенденција на промена.

Терминот “алтернативен“ исто така слободно може да се користи во именување на филмови од овој тип.

 

Заклучок. Како и да кажете нема да згрешите, иако најсоодветни остануваат: “непрофесионален“ и “алтернативен“.

 

 

 

 

 

 

 

ШТО Е “UNICA”?

 

 

UNICA е светска асоцијација на непрофесионален филм, чија основна цел е ширење на филмската култура и непрофесионалниот филм меѓу луѓето во различни земји од целиот свет.

UNICA е составена од многу земји членки, кој плаќаат годишна котизација.

Македонија е членка на UNICA од 1996 година.

UNICA секоја година организира фестивал на кој секоја земја ја прикажува својата национална селекција (избрани филмови кои се сметаат како најдобри таа година во земјата). Овој фестивал е со високо реноме во непрофесионалниот филм.

Бројот на членките не е постојан. Некои земји се откажуваат, а некои нови се приклучуваат.

Мaкедонија е членка преку Кино сојузот на Македонија.

 

Повеќе унформации за UNICA можете да добиете на: http://unica-web.com/.

 

 

 

 

 

 

ШТО Е КИНО КЛУБ?

 

 

Кино клубот е организација која што се занимава со едукација на филмски кадри и правење на филмови. Најчесто постои една локација, каде што членовите на клубот и други филмски заљубеници дебатираат и разговараат за филм. Во секој кино клуб најчесто постојат семинари и курсеви за филм, но за жал моменталната состојба во нашата кинематографија индиректно го оневозможува тоа. Секој кој е заинтересиран може да стане член на ваков клуб.

Во Македонија постојат повеќе активни клубови, речиси во секој поголем град.

 

 

 

 

 

 

ШТО Е КИНО СОЈУЗОТ НА МАКЕДОНИЈА?

 

 

Кино сојузот е асоцијација во која членуваат сите клубови во земјата.

Кино сојузот е главен организатор на Државните фестивали на непрофесионален филм.

Организира и филмски школи, работилници, предавања и многу други манифестации поврзани со ширењето на филмската култура. Исто така се јавува и како ко-организатор на други фестивали во земјата.

Кино сојузот обезбедува поддршка за развој на кино клубовите.

Повеќе информации за КСМ можете да добиете на: http://www.atcm.org.mk/cinema.htm.

 

 

 

 

 

 

 

ДРЖАВЕН ФЕСТИВАЛ НА НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ФИЛМ (ДФНФ)?

 

 

Овој фестивал е со долга традиција. Учество на овој фестивал може да земе било кој автор со непрофесионален филм од Македонија. Значи, не мора да биде член на некој клуб или организација. Условите за учество се: филмот да биде непрофесионален, технички исправен и во согласност со пропишаното времетраење, како и некои дополнителни услови за учество.

Фестивалот ротира низ градовите во државата секоја година, односно се одржува во различни градови секоја година. Најчесто се одржува во април. Преку овој фестивал Кино сојузот ја составува националната програма за учество на UNICA.

Пријавување на овој фестивал се врши преку Кино сојузот на Македонија

 

 

 

 

 

 

ЧЛЕН НА НЕКОЈ КЛУБ?

 

 

Член на некој клуб може да се стане без никаков проблем. Можете да се обратите до некој Кино клуб или Народна техника во вашиот град, или директно во Кино сојузот на Македонија со седиште во Скопје.

Член на АКК може да станете преку нашава веб-страница или преку контакт со некој од нашите членови. Треба да ги доствите вашите основни податоци и ангажирано да работите во секоја активност на клубот.

 

 

 

 

 

 

 

ЗОШТО АКК- Скопје, АКК од Скопје или АКК - Скопје, Македонија?

 

 

Академски кино клубови постојат и во неколку други градови во поранешна Југославија.

Има неколку со истото име. Најчесто секој филмски клуб при некој универзитет го користи терминот “Академски“.

Кога ќе се сретне “Академски кино клуб“ не мора да се однесува на нашиот кино клуб, иако најчесто е така. Затоа ние настојуваме да стои “АКК-Скопје“ со што автоматски се однесува на нас и не  разликува од другите Академски кино клубови.

Исто така се прави и друга грешка, кога ќе се напише: академски кино клуб „Скопје“. Тоа е сосема погрешно, бидејќи „Скопје“ не е името на нашиот клуб и „академски кино клуб“ не е само опис на активностите што ги извршуваме и институцијата што стои зад нас.

Името е: „Академски кино клуб“ - Скопје, Македонијa.

 

 

 

 

 

 

 

КАКВИ ЧЛЕНОВИ ИМА АКК ДЕНЕС?

 

 

Моментално АКК има околу 20 активни членови. Најголемиот дел се студенти на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Исто така има неколку членови од постарите генерации и средношколци.

Возраста не е никаква пречка да се стане член на нашиот клуб.

И покрај неповолните услови за работа сепак активните членови успеваат да ги реализираат своите филмски проекти.

Клубот е осиромашен со тоа што нема доволно средби на членовите (иако ги има, сепак тие не се доволни) и нема курсеви и семинари за едукација на новите членови (поради немање соодветна филмска техника во клубот).

Меѓутоа оваа слика се надеваме дека за брзо време ќе ја подобриме, барем што се однесува до редовните средби и дискусии за филм.

 

 

 

 

2006 Академски Кино Клуб.

Сите права се задржани.